Почина најблискиот роднина на Никола Тесла, ракетен инженер

Најблискиот жив роднина на Никола Тесла, Вилијам Бил Тербо почина на 14 август во својот дом во Њу Џерси, на 89 годишна возраст, информираше Танјуг од извори блиски до неговото семејство.

Никола Тесла имаше брат, Дане и три сестри, најстарата Милка, Ангелина и најмладата Марица.
Тербо е внук на постарата сестра на Тесла, Ангелина. Таа се оженила со попот Никола Трбојевиќ со кого имаа пет деца, три сина и две ќерки. Сите беа високо образовани, а четворица доктори на науки. Еден од синовите, Никола бил татко на Тербо. И тој бил пронаоѓач, а и денеска автомобилскте менувачи се засноваат на еден од неговите пронајдоци.

Вилијам Бил Тербо се родил на 10 април 1930 година во Детроит. Откако дипломирал на универзитет, работел во областа на вселенската и ракетната индустрија каде  бил до пензионирање.