Полицијата трага по пиштолџијата од Чаир

Полицијата трага по пиштолџијата кој вчера пукаше во двајца скопјани во населбата Чаир, информираше МВР. Станува збор за К.И.(51) од Скопје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 19.10 часот пред маркет на улицата Лазо Трповски. Тогаш  поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу Б.Б. (23) и Р.Б. (20), двајцата од Скопје, од една страна и К.И. од друга страна.

Во еден момент И.К. извадил пиштол, а Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот. Притоа К.И. почнал да пука кон Б.Б. и Р.Б., но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и пиштолџијата избегал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот.