
Корисниците на инсулин од Струга се жалат на квалитетот на терапијата што ја добиваат и се сомневаат дека причината можеби лежи во т.н паралелен увоз, јавува телевизија АЛСАТ.
„И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто не е во ред. Треба да се преземе нешто“, вели за Алсат Иво Дукоски- претседател на здружение на дијабетичари, Струга.
„Јас земам инсулин „Ново микс“ веќе 20 години, но во последно време инсулинот не ми помага. Двапати земам, по 34 единици наутро и 34 навечер, а попладне земам плус таблета за шеќерот. Квалитетот на „нова микс“ е многу слаб , сменет е во целосно не е тој ново микс како порано. Овој инсулин што го земаме не е квалитетен, не помага. Мене како личност не ми помага“, реагира Минир Зиба, пациент од Ливада.