За 50 отсто паднала продажбата на ориз на домашниот пазар по веста дека во него има ГМО

За 50 отсто е падната продажбата на оризот на домашниот пазар по информациите дека се произведувал ориз од ГМО семе, предупредуваат откупувачите.

Тие апелираат институциите што побргу да го расчистат овој случај за да не се создаде хаос на само десетина дена пред стартот на жетвата на новата реколта ориз во кочанско. Откако Агенцијата за храна откри случај на ориз произведен од ГМО семе, сега државниот инспекторат ја презема контролата, а детали од земените мостри најавуваат за утре.

Информаците за откриен ГМО ориз ја покоси продажбата на ориз од кончанските фабрики од каде што кажуваат деке за 50% е падната продажбата на ориз на домашниот пазар ,а телефонот постојано ѕвони и од увозниците од земјите од регионот кои се интересираат каков ориз увезуваат од Кочани.

Сето ова, велат, се случува во многу лош момент бидејќи за десетина дена треба да стартува жетвата на оризот по кочанските полиња. Откупувачите и дистрибутери на ориз апелираат до државните институции што поскоро да ја расчистат дилемата дали станува збор за шверцувано семе од ориз и каде завршило тоа семе за да се тргне од пазарот и да се стабилизира довербата на потрошувачите во квалитетот на кочанскиот ориз.

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство го откри оризот во кој имало присуство на ГМО, целата контрола за генетски модифицираниот ориз од денеска ја презема Државниот инспекторат за земјдоелство. Првиот човек на инспекторатот најави дека се чекаат резултатите од акцијата  за да се утврди кои се увозниците на генетски модифицирано оризово семе. Според процедурите АХВ на инспекторатот му ги доставува резултатите за тоа каде е најдено ГМО семето, за да се пуштат инспекциски контроли и да се се стаса до увозникот односно носителот на семето.

Според нашите законски прописи увозот на ГМО семе не забранет, туку мора да има соодветен сертификат и да биде декларирано. Според државниот земјдоелски инспекторат семето коешто не е увезено по легален пат ќе биде во фокусот на истрагите на инспекциите. Точната количлина на ГМО семе се’ уште не позната, туку само е познато дека го има кај повеќе производители на ориз.

Според првиот човек на државниот инспекторат одговорност согласно законските прописи ќе има, а ќе има парична казна или одземање на лиценцата за увоз. Во Македонија нема производство на семенски материјал за ориз туку потребите за сеидба на ориз во кочанско се увезуваат најмногу од Италија.