
Поранешниот потпретседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, Жозе Марија Марин е осуден на четири години затвор за корупција.
Судот во Њујорк го прогласи за виновен 86-годишниот поранешен фудбалски работник под обвинение за примање мито и перење пари.
Покрај ефективната казна на Марин му е изречена и глоба од 1,2 милиони долари и мора да го врати износот од 3,3 милиони долари што го добил незаконски.