
Еден од најдобрите борбени авиони на светот се урна на писта на аеродромот Еглин кај Флорида, објави американското воено воздухопловство.
По итниот случај во текот на летот, ловецот Ф-35А се враќал во воздухопловната база Еглин и му откажала опремата за слетување. Инцидентот се случил во средата околу 12.50 часот по локално време.
Пожарникарите веднаш стасале на местото на несреќата и пилотот не е повреден, објави американското воено воздухопловство.
Покрената е истрага за инцидентот, а локалните медиуми објавиле фотографии кои о покажуваат урнатиот авион. Не е проценета штетата ни трошоците за поправка, а не се објавени ни детали за итниот случај поради кој авионот морал да се врати во базата.
Ова не е прв пат на ловец Ф-35 да му откажи опремата за слетување. Во 2017 година пилоти на воената морнарица користеле модел на Ф-35 Ц и се пожалиле на откажување на системот за слетување, наведува порталот Дефенс Њуз.