Синот на советничката Николовска ангажиран во Фондот за иновации

Душан Илиевски, познат како Душко млекарот  на својот Фејсбук профил напиша дека синот на советничката за земјоделство Ленче Николовска, Илин Николовски е вработен во Фондот за иновации, објави порталот Курир.

-Синот на посебната советничка Ленче Николовска која советува во земјоделието Илин Николовски тајно го вработи мама Ленче во ФОНДОТ за ИНОВАЦИИ во владата. Овој фонд за иновации е при владата на Македонија претходно не постоеше ваков фонд. Само е измислен за перење пари, напиша на својот Фејсбук профил Душан Илиевски.

 

Од Фондот за иновации за Курир одговориле дека Илин Николовски не е вработен во Фондот за иновации и технолошки развој, туку е ангажиран како надворешен соработник со Договор на дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот.

-Договорот е со временски определен рок кој истекува во декември годинава. Николовски, меѓу другото е задолжен за активности поврзани со одржување на веб страната на Фондот и поддршка во реализација на различни настани, стои во одговорот кој го добивме од Фондот за иновации.