Тројца тинејџери тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Трубарево

Тешко се повредени три млади момчиња, откако малолетник кој управувал со автомобил загубил контрола над возилото и се забил во дрво на локалниот пат меѓу населбата Илинден и скопското село Трубарево, информораа во четвртокот од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот, кога на сообраќајницата којашто води од Илинден кон Трубарево автомобилот „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишниот И.Ј. (17) Трубарево, излетал од коловозот и удрилo во дрвја.

Возачот и сопатниците Б.Д. и К.Т., на 17 односно 19-годишна возраст, двајцата од Скопје, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Кај сите биле констатирани тешки телесни повреди.