
Нешто повеќе од 200.000 евра државта ќе потроши за гласањето на 2.755 нашинци во дијаспората за референдумот за името.
До истекот на рокот се пријавиле 2.855, но, 100 пријави Државната изборна комисија не прифати поради неисполнување на законските основи, односни, дел од нив патните исправи биле со истечен рок, или пак немале адреса на живеење во Македонија.
Нашинците по светот најверојатно ќе гласаат во 33 дипломатскко конзуларни претставништва. Најмногу се пријавиле во Берн, 321, во Венеција. 258, Љубљана 217, Брисел 71, Рим 51, Вашингтон 45, Абу Даби 26. Во избирачкиот список како иселеници се евидентирани околу 87.000 лица.
До завршувањето на јавниот увид – синоќа на полноќ 5.600 граѓани извршиле увид во избирачкиот список. ДИК запишала 94 граѓани, а избришала 295, – најголем број поради смртност, промена на податоци побарале 74 избирачи. На веб страницата на ДИК своите податоци ги провериле 16.808 избирачи.
На избирачкиот список како иселени се запишани 87 илјади лица.
Државната изборна комисија инфомираше дека на 250 затвореници МВР им издала лични карти лични карти за да можат да го остварат своето право на глас односно да гласаат на референдумот.