
Актуелниот шпански фудбалски шампион Барселона во средбата од второто коло како гостин го совлада повратникот во Примера, екипата на Ваљадолид со 1:0 (0:0).
Во мечот кој се одигра на извонредно лошиот терен единствениот гол го постигна Дембеле во 57 минута. Барселона сега има максимални шест бодови, а Ваљадолид остана на еден бод.
Претходно во саботата фудбалерите на Алтетико Мадрид стасаа до првата победа во новата сезона, а трите бода на својот стадион „Ванда Метрополитано“ ги освоија со победата над Рајо Ваљекано со 1:0 (0:0). Стрелец на голот беше францускиот репрезентативец Антоан Гризман во 63 минута.
Во првиот дуел од саботната програма Алавес и Бетис одиграа без голови.