
Осум лица, од кои шест деца, загинаа во пожар во Чикаго, соопштија денеска од пожарната служба.
Меѓу загинатите во пожарот, кој избувна изутринава, има и едно бебе.
Причината за пожарот засега не е утврдена.
Пожарникарите беа повикани околу 4 часот утрово во кавртот Литл вилиџ во Чикаго, каде што пожар зафати трикатна зграда, а жртвите беа пронајдени на вториот кат.