
Во италијанскиот скијачки центар Алта Бадија падна снег, наврнати се околу 30 сантиметри воден снег, пренесуваат медиумите.
Снег падна и во Словенија во местото Кредарици. Според податоците на АРСО, на Кредарици во 9 часот утрово биле измерени – 3 степени Целзиусови, а претходно е измерена и покривка од 3 см . снег.
Драстичната промена на времето, студениот бран стигна и во Хрватска. Во поголемиот дел од земјата врне дожд, а температурите се пониски за десетина степени.
Делови на Хрватска во текот на ноќта биле погодени и од силна бура, најлошо било на Истра.