Атина се врти кон Пекинг, Ципрас го покани Кси да ја посети Грција

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по разговорите со својот кинески колега Ванг Ји во понеделникот изјави дека ја предал официјалната покана од грчкиот премиер Алексис Ципрас до кинескиот претседател Кси Џинпинг да ја посети Атина.

„Ние сме две земји, два народа, двајца министри кои имаме и работиме со меѓусебна доверба. Тоа е најважното во меѓународните односи. Нашата главна цел е да се продлабочи нашата политичка соработка. Ја пренесов поканата од премиерот до претседателот на Кина да ја посети Атина за зајакнување на соработката“, изјавил Коѕијас за новинарите по разговорите со Ванг.

Од грчкото министерство за надворешни работи соопштија и дека Коѕијас, исто така, ги поканил „својот добар пријател“ Ванг да ја посети Грција.

„Сакам да му се заблагодарам за поканата за посетата на Кина, и се надевам дека ќе го видам наскоро во Атина, во согласност со поканата којашто ја упатив денеска… Кина претставува сигурен и постојан пријател на Грција, како и Грција за Кина. Денеска разговаравме за начините да се продлабочи соработката меѓу министерствата, владите и економијата. Секогаш имавме доволно мудрост да најдеме позитивен начин за заеднички развој“, изјавил шефот на грчката дипломатија.

Коѕијас додал дека Атина целосно ја поддржува иницијативата „Еден појас – еден пат“, со којашто се создава најголемата инфраструктурна мрежа на светот.

„Разговарвме за кинеските инвестиции и за тоа како можеме да го зголемиме нашиот извоз во Кина, и радосни што имавме можност да ја примиме поканата за учество на Меѓунардониот саем во Шангај и на други настани во Кина. Зборувавме и за тоа како да ја стимулираме нашата економска соработка, бидејќи Грција излегува од економската криза со позитивен раст, и нашиот потенцијал за проширување на соработката сега е поголем отколку во минатото“, додал Коѕијас.

По разговорите, Коѕијас и Ванг потпишале меморандум за разбирање во однос на кинескот проект „Еден појас – еден пат“. Според грчкото министерство за надворешни работи, двете земји имаат намера да изготват петгодишен акциски план во сферата на економската соработка. Како што истакнува грчката страна, Атина придава особено значење на посетата на шефот на дипломатијата на Кина и зајакнувањето на односите со втората според обемот светска економија.

„Кинеската страна многу топло го дочека министерот за надворешни работи на ГРцција. Средбата со државниот советник и министерот за надворешни работи Ванг ји со кого Никос Коѕијас воспостави многу добри односи на соработка последните години, се одржа во исклучително пријателска атмосфера потврдувајќи го одличното ниво на билатералните односи меѓи Грција и Кина“, истакнуваат од Атина.