Компанија од Северна Ирска ќе ја води кампањата за Северна Македонија

Команијата за стратегиски комуникации од Белфаст, Северна Ирска, „Стратагем интернешнл“, ќе ѝ помага на македонската влада во кампањата чијашто цел е успешен референдум, односно прифаќање на името Северна Македонија, а којшто ќе ја плаќа Лондон.

Според меморандумот за соработка за консултантски услуги северноирската фирма ќе помогне да се спроведе успешна јавна комуникација со граѓаните базирана, како што велат, на принципите на објективност, транспарентност и рационалност.

Двете страни деновиве потпишале меморандум за соработка за консултантски услуги кои ќе овозможат успешна јавна комуникација со граѓаните.  Финансискиот товар, според информациите, ќе падне врз грбот на амбасадата на Велика Британија.

Според меморандумот за соработка за консултантски услуги северноирската фирма ќе помогне да се спроведе успешна јавна комуникација со граѓаните базирана, како што велат, на принципите на објективност, транспарентност и рационалност.

„Советите од странците треба да помогнат  во насока на обезбедување фер и кредибилен референдумски процес“,  пишува весникот Независен.

Според интернет-страницата на „Стратагем“, станува збор за фирма стратегиски консултант за политички работи и комуникации со богато искуство во работењето низ целиот свет. Специјализирани се за сложени и несигурни средини.

Нивната понуда, како што  посочуваат од компанијата со седиште во Белфаст, се базира на искуства и разбирање – оние што живееле, работеле и успеале во несигурни и сложени средини најдобро можат да им помогнат на клиентите во разбирањето и навигацијата во такви слични простори.

Од она што може да се прочита од интернет-страницата на „Стратагем“, станува збор за стратегиски консултант за политички работи и комуникации со богато искуство во работењето низ целиот свет. Специјализирани се за сложени и несигурни средини.

Експерти од консултантската фирма веќе го „снимиле“ предреферендумскиот амбиент во земјава. Пред нешто повеќе од еден месец двајца од нив биле во посета на Македонија. Тие контактирале со претставници од Владата, но и со дел од цивилното општество, интелектуалци, новинари како и со бизнис-заедницата.

Оваа фирма дејствувала во постконфликтни земји како Палестина, Сирија, Косово, Пакистан, Ирак, Нигерија, Авганистан. Како најсветла точка во нивната биографија, од каде што и почнува практично рапидно да расте нивната репутација, е агитирањето и водењето на кампањата за прифаќање на Договорот од Велики петок 1998 година (YES Campaign on the Good Friday Agreement).

Учествувале во кампањи и во други земји – Кипар 2004, Шкотска 2014, Турција 2017, Курдистан 2017 година.