Бесплатна идентификација на домашните миленици

Од 1-ви септември започнува кампањата за бесплатна идентификација на домашните миленици. Сопствениците ќе треба да платат само за издавање на пасошот кој ќе може да се искористи и надвор од државата.

По завршувањето на акцијата, Агенцијата ќе изврши проверка за да утврди дали сите сопственици извршиле регистрација на нивните миленици.