ВМРО-ДПМНЕ: Прилепчани се излажани, со ваквво темп на власта ѝ се потребни сто години да ги исполни ветувањата

На денешната 18-та седница на Советот на општината Прилеп советниците од СДСМ си ја изгласаа својата неажурност, неспособност и своето неработење, ова денеска го изјави Петар Ристески координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ Оопштинскиот комитет Прилеп.

„Имено точка на дневен ред беше кварталниот извештај за работата на локалната самоуправа и ни беше доставен податок за процентот на реализација на капиталните инвестиции во Прилеп во овие шест месеци, тоа изнесува катастрофални 11, 62 проценти. Тоа не покажува со општината со која раководи градоначалникот Јовановски апсолутно ништо не работи и многу е далеку од остварување на сите проекти ветени за време на изборите, а со еден збор сето тоа било лага. Во шест месеци да оствариш проекти на капитални инвестиции од само 11 проценти е несфатливо и укажува на неработење и незнаење, потенцираше Ристески.

Додаде дека граѓаните на Прилеп се буквално излажани и ако вака продолжи работењето на општината на нив ќе им бидат потребни сто години за да го реализираат сето она што го ветиле.