
Размислувањата за размена на територии меѓу Србија и Косово како евентуално решение на проблемите во регионот, наидуваат на предупредувања во ЕУ.
Германија отфрла размена на територии како решение на деценискиот конфликт меѓу Србија и Косово.
„Сметаме дека на тој начин би се отвориле премногу стари рани на населението. Затоа, околу тоа сме многу скептични“, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во Виена, на средбата со колегите од ЕУ и со кандидатите за влез во Унијата од Западен Балкан.
Скепса има и претседавачот на ЕУ, Австрија. „Постојано сме сведоци дека промените на граници создаваат проблеми“, рече шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсл.