
Pоранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, ќе биде поставен на позицијата началник на Одделот за борба против организираниот криминал, неофицијално дознава Лидер од полициски извори.
Како што дознаваме министерот за вратрешни работи Оливер Спасовски го назначил Велковски на чело на овој важен оддел по барање на премиерот Зоран Заев.
Лидер се обидеl да ја потврди информацијата кај портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој ги известил извести дека ниту може да ја негира, ниту да ја потврди информацијата, по што не замоли да му испратиме меил со истото прашање, на кој сеуште чекаме одговор.
Инаку, Велковски беше разрешен од владата од позицијата директор на БЈБ, по скандалот кој изби со злоупотребата на неговото службено возило со кое неговата ќерка замина на одмор во Грција во кампот Евридики.