Мајка на две деца убиена во охридско Велгошти

Денес, нешто после 17:00 часот се случило убиство во охридското село Велгошти, јавува Охридпрес.

Мајка на две деца, на возраст од околу 40 години, била пронајдена мртва, со најлонска вреќа врз главата. Првичните информации укажуваат на убиство.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата за случајот. Полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на смртта.

Извор: Охрид прес