Заев: Aко референдумот не успее, ние завршуваме со политиките

Премиерот Зоран Заев денеска повторно потсети дека доколку референдумот кој треба да се одржи на 30. септември не биде успешен ќе си поднесе оставка.

„Како премиер имам мандат до 2020 година, но ако референдумот не успее веројатно ние завршуваме со политиките овде“, изјави премиерот Зоран Заев на конференцијата „Македонија гледа напред-мигот е да се фати возот за ЕУ“.

Тој уште еднаш упати повик до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон кампањата и да овозможат успешен референдум.