
Скопската полиција трага по четириесет и осумгодишна жителка на главниот град којашто од пред два дена е пријавена за исчезната, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден во 9,45 часот во Полициската станица Чаир 53-годишниот Д.М. пријавил дека од 300-ти август годинава од домот во непознат правец се одалечила неговата сопруга 48-годишната М.М., информираат од МВР.
Од полицијата известуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.