
Актуелниот германски фудбалски шампион минхенски Баерн беше супериорен во последниот меч од саботната програма во второто коло на Бинелсигата, и славеше со 3:0 на гостувањето кај Штутгарт.
Головите за Баварците ги постигнаа Леон Гретцка во 37, Роберт Левандовски во 62 и Томас Милер во 76 минута.
Претходно во сабоата екипата на Волфсбург ја забележа и втората победа во новиот германски фудбалски шампионат, откако во саботата во рамките на второто коло на гости со 3:1 го совлада Баер Леверкузен.
Баер Леверкузен пред своите навивачи поведе во 24 минута со голот на Леон Бејли, но следеше пресвртот на Волфсбург. Гостите израмнија преку автоголот на домашниот голман Рамазан Осчан во 36 минута, а во второто полувреме Воут Вегхорст ги доведе во водство во 55 минута, а во 60-та Ренато Стерен погоди за конечните 3:1.
Негатива од 0:1 по првото полувреме имаше и Хофенхајм против Фрајбург, со голот кој го постигна Хајнц во 36 минута. Но, потоа домашните направија пресврт со двата гола на Адам Салаи во 50 и 63 минуа, а Андреј Крамариќ во четвртата мунута од судиското продолжение ги постигна крајните 3:1.
Ајнтрахт во Франкфурт беше поразен од Вердер Бремен со 1:2 длабото во судиското продолжение, главно поради тоа што речиси цел час домашните играа о играч помалку откако во 32 минута беше исклучен бекот Џетро Вилемс. Гостите поведоа во 20 минута преку Осако, од пенал во 54 минута израмни Халер, а Рашица ги однесе бодовите во Бремен во 90+6 минута.
Аугсбург и Борусија Менхенгладбах одиграа 1:1 а стрелци беа за домашните Грегорич во 12 минута, а за гостите Плеа во 68 минута. Со истиот резултат одиграа и Нирнберг и Мајнц, со таа разлика што во овој дуел гостите поведоа во 25 минуте преку Матета, а израмну Ишак во 48 минута.
Во петокот Хановер и Борусија Дортмунд одиграа без голови.