Хамилтон петти пат најбрз во Монца

Британскиот автомобилистички ас Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес ја оствари во неделата својата 68-ма победа во кариерата во трките за Светските првенства во Формула 1 и по петти пат ја освои Големата награда на Италија на петеката во Имола крај Монца, со што ја зголеми својата предност пред Себастијан Фетел од Ферари на 30 бодови, бидејќи Германецот иако стартуваше од првиот ред заврши на четвртата позиција.

Со петтата победа во Монца, Хамилтон се израмни со легендарниот германски пилот во Формула 1, Михаел Шумахер.

Хамилтон во прв ред најмногу профитираше од контактот со Фетел во првиот круг, по што возачот на Ферари заврши на опашката од колоната и мораше да се пробива кон повисоките позиции.

Ферари сепак остана со конкурент за победа на „домашната трка“ во Кими Раиконен, а Финецот водеше до 45-от круг, кога Хамилтон го претекна во едена шикана успевајќи да го мине од надварешната страна по што немаше дилеми за конечниот исход на дуелот меѓу двајцата.

Раиконен заврши на втората позиција, а трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, но беше казнет со додавање од пет секунди поради истуркувањето на Валтери Ботс од Мерцедес од патеката, додека Финецот се обидуваше да го мине. Така Ботас на крајот беше трет, а Фетел четврти.

Во генералниот пласман кај возачите Хамилтон сега има 256 бодови, второпласираниот Фетел има 226, а третопласираниот Раиконен има 164 бодови. До крајот на сезоната останаа уште седум трки, а следната е на распоредот на 16-ти септември, за Големата награда на Сингапур.