
Со сведочење на Љубе Бошкоски денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошкоски.
Обвинителот Љубомир Лапе на претходното рочиште изјави дека полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила. Адвокатот на обвинетиот Љупчо Шврговски пак истакна дека Бошкоски давал отпор во апсењето и од тие причини обвинетите постапиле на таков начин.