Двајца новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор во Бурма

Судија во Бурма прогласи за виновни двајца новинари на Ројтерс за прекршување на законот за државни тајни и ги осуди на седум години затвор, пресуда која доведе до меѓународна осуда како напад врз слободата на медиумите.

Судијата Ји Лвин денеска пресуди дека 32-годишниот новинар Ва Лон и неговиот колега 28-годишниот Кјав Сое го прекршиле законот за службени тајни за добиени доверливи документи додека известувале за кризата сомуслиманското малцинство Рохинџа во Бурма, исто така позната и како Мјанмар.

Јас не се плашам, рече Ва Лон по пресудата: „не сум сторил ништо лошо, верувам во правда, демократија и слобода.“

Во соопштение објавено веднаш по пресудата, главниот уредник на Ројтерс Стивен Адлер рече: „денеска е тажен ден за Мјанмар, за новинарите на Ројтерс и за печатот. Тој додаде дека двајцата новинари се невини и дека пресудата мора веднаш да се корегира од Владата на Бурма.

Американскиот амбасадор во Мјанмар Скот Марсил ја осуди пресудата, велејќи дека е „длабоко вознемирувачка“ за новинарите и слободата на медиумите.