Јанушев до Кирацовски: Не е европски да се бара евро за Вицето, да се делат тендери од ќерка на татко, за договорот еден ден ќе одговарате

Не е европски да имаме аболициран премиер, не е европски како се бараат 200 евра за Вицето, не е европски да се делат тендери во здравството од ќерка на татко, не е европски да си ги поделат десетте милиони евра од фондот за иновации, во Европа не може да влеземе така, кажа во понеделникот вечерта во соочувањето со генералниoтоскратарт на владејачата СДСМ, Алескандар Кирацовски неговиот колега по должност во опозицската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Овие работи треба да им бидам многу јасни на СДСМ и повторно ќе кажам тие ја потценуваат интелигенцијата на македонскиот народ“, рече Јанушев.

Му порача притоа на Кирацовски дека владата на СДСМ еден ден ќе одговара за потпишувањето на капитулантскиот договор со Грција.

Јанушев истакна дека доколку власта на СДСМ воопшто не учествувала во преговорите, веројатно Македонија би добила подобар договор за името од овој, за кој граѓаните ќе треба да гласаат на референдум.

„Ние согласно со Уставот на оваа држава сме Република Македонија и ако веќе потпишувавте тука требаше да стои Република Македонија, прво. Второ немавте право да го потпишете договорот дали тоа ви е јасно. Се знае кој единствено има право да потпишува вакви договори. Си дадовте полномошно на владата што немавте право да го дадете. Прифатете дека ова е ништовно, ова е каптиулантско, ова е срамно и еден ден ќе одговарате за ова што го правите ви го гарантирам тоа пред целата македонска јавност. Овој договор нема да ви помине. Не ви поминува“, вели Јанушев.