
Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано продолжение на рочиштето за предметот „Тортура“, во кое се обвинети поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, а во врска со апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Според обвинителството, полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила и закани при приведувањето на Бошковски во 2011 година.