
Српски камион паднл во бездна, вчера на патот Градско-Прилеп, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 16 часот кога С.П.(41) од Република Србија, управувајќи влекач „Сканија“ со полуприколка излетал од десната страна на коловозот и се превртел во провалија.
Притоа возачот добил тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.