
Словенечкиот претседател Борут Пахор и премиерот Миро Церар изразија загриженост поради наводното основање „паравоена група“ од Марибор и оценија дека тоа е неприфатливо.
Претседателот на државата изразува голема зариженост поради постоењето на таа вооружена група која според нивниот лидер Андреј Шишко би обезбедувала мир и ред во државата и би ја надгледувала границата. Тоа е целосно неприфатливо, соопштија од Кабиентот на Пахор.
Словенечкиот поратал 24ур објави дека словенечки ултрадесничари кои се претставуваат како „Штаерска гарда“ на социјални мрежи објавиле фотографии и снимки од собири на непозната локација најавувајќи „жешка есен“ и протести кои „Словенија ќе ја претворат во Венецуела“.