
Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ние го дадовме тоа и го дадовме без во суштина да добиеме нешто за возврат и ова е длабоко загрижувачко, бидејќи се поврзува со скопскиот иредентизам, вели претседателот на нова демократија Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“.
Мицотакис, уште еднаш го повторува и неговиот став дека Нова Демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, но и додаде дека ратификацијата на договорот во грчкиот парламент ќе ги намали можностите за правење на какви било промени од нивна страна.