
Речиси 90 дела од најголемите американски уметници од XX век, меѓу кои се и Хопер и Полок, од колекцијата на американскиот милијардер Барни А. Ебсворт, чијашто вредност е проценета на околу 350 милиони долари, њујоршката аукциска куќа Christie’s во ноември ќе бидат понудени на наддавање.
Аукциската куќа Christie’s во последните неколку години оствари антологиски наддавање. Меѓу нив се продажбите на уметничките колекции на Пеги и Дејвид Рокфелер кој во 2918 година заработи 835 милиони долари, а минатата годија истата куќа постигна рекорд со продажбата на „Христос Спасителот на светот на Леонардо Да Винчи која на њујоршка аукција постигна цена од вртоглави 450 милиони долари.
Во 2009 година уметничката колекција на Ив Сен Лоран и Пјер Береж заработи 484 милиони долари.
Колекцијата на уметничките дела на Ебсорвот е посебна бидејќи ја сочинуваат делата од американските уметници на XX век, а меѓу нив ремек-дел од Џорџија О’Кифи, Франц Клајн и Вилием де Куниг.
Само маслото на платно на Едвард Хопер, насликано во 1929 година е проценето на 79 милиони долари, и се смета за највредното дело на овој уметник. Во 2012 сликата беше изложена на ретроспективната изложба на Хопер во париската „Гранд Пале“, која имаше рекордна посетеност.
Платното на Вилем де Кунинг „Жената како пејзаж“, еден од претставниците на апстрактниот експресионизам, исто така, дел од оваа колекција е проценето на 60 милиони долари. Третата слика од де Кунинг од неговиот серија „Жени“ беше продадено во 2006 година за 137,5 милиони долари, станувајќи тогаш второто најскапо уметничко дело во историјата, а сега е трето.
Платното на (Пол) Џексон Полок, исто така, апстрактен експресионист, под наслов „Композиција со црвени удари“ би можело да достигне цена од 50 милиони долари. Неговото дело „No5 1949“ во 2006 година на аукција на куќата Sotheby’s беше продадено за 140 милиони долари и во тој момент стана најскапото платно во светот, а го продаде познатиот американски филмски продуцент и колекционер Дејвид Гифен на мексиканскиот финансиер Давид Мартинез.
Американскиот колекционер Барни А. Ебсворт почина во април година на возраст од 83 години,а богатството го стекнал во секторот транспорт, особено занимавајќи се со луксузните крстосувања. Беше еден од 200-те најголеми колекционери на светот.