
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата не ја одби можноста да се сретне со иранскиот претседател Хасан Роухани на маргините од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк кој крајот на септември и предупреди дека „внимателно“ го следи развојот на настаните во Сирија.
„Можно е сѐ е можно. Ќе видиме што ќе биде со Иран. Сакаат да разговараат? Тоа зависи од нив, не од мене. Иран се сосема поинаква позиција откако во времето кога стапив на должност… Во тешкотии е и сека гледа како да преживее како земја“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп одговарајќи во Овалната канцеларија на новинарско прашање за од можноста за средба со иранскиот претседател Хасан Роухани.
Трамп во мај годинава објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот сеопфатен нуклеарен договор кој во 2015 година го потпишаа Иран и шесте светски сили. Со него Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма особено збогатувањето на ураниум до ниво од кое лесно може да се добие нуклеарно оружје и неговите постројки да бидат проверувани од меѓународни експерти во кое и да е време и ненајавено, во замена за укинување на децениските меѓународни економски санкции против него. Меѓутоа со повлекувањето од договорот, Трамп кој и пред да стапи на должност го критикуваше, повторно воведе санкции за Иран, а од страв поради тоа санкциите да не бидат проширени и на нив од земјата се повлекоа и големите европски компании. Европските потписнички на договорот, Франција, Германија и Велика Британија, стравуваат дека доколку и Иран се повлече од договорот, тоа може да предизвика нова трка во вооружување на Блискиот исток и зголемување на сегашните тензии.
Трамп на 26-ти септември на редовното годишно Генерално собрание на ОН ќе ја води безбедносната седмица за Иран со цел да ја „расветли неговата дестабилизирачка активност во светот“.
„Светот гледа и САД гледаат (…) Внимателно тоа го следам“, предупредил Трамп споменувајќи ја !тажната ситуација во покраината Идлиб“ и истакнувајќи дека таму живеат три милиона луѓе. „Доколку се случи масакр, светот ќе биде многу многу лут и САД исто така ќе бидат многу лути.
Северната сириска покраина Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците кои ги поддржуваат САД и сунитските земји од регионот но и на џихадистите. Русија, којашто е сојузник на владата на претседателот Башар ал-Асад, повеќепати последните седмици предупреди дека џихадистичката групација Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра сириското крило на Ал Каеда, со помош на паравоена компанија од Велика Британија донела хемиски отрови во покраината Идлиб за да исценира наводно користење на хемиско оружје од страна на сириските владини сили, што ќе претставува оправдување за Вашингтон, Лондон и Париз да ги остварат заканите со воздушни удари против Сирија.
Во средата сириските и руските воздушни сили продолжиле со бомбардирањата од воздух врз џихадистичките позиции во Идлиб, што за Западот значи очигледен вовед во офанзива со големи димензии против последното големо упориште на сириските бунтовници.