Уапсени две џепчијки од Бугарија

Полицијата уапсила две Бугарки, осомничени дека ограбиле скопјанка на Бит Пазар, информираше МВР.

Станува збор за Р.Г.И.(50) и Н.Н.Н.(24), против кои полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава за кражба.

Бугарките кражбата ја извршиле во саботата околу 13.30 часот на улицата 192 во пазарот Бит Пазар. Тие ја искористиле гужвата и невниманието на оштетената. Тогаш Н.Н.Н. се турнала во жената за да и го одвлече вниманието, а Р.Г.И. го отворила патентот од чантата и го зела паричникот. Во него имало 240 евра, 2.400 денари и лични документи.
Лице кое било на пазарот го забележило настанот и пријавило во полициска станица. После тоа, по преземени мерки, на 03.09.2018 година околу 13 часот пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Бит Пазар.