Ако го имплементирате Договорот за името, ќе станете членка на НАТО

За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО, изјави  генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на посетата на скопското село Стајковци, кое беше зафатено од поплавите пред две години.

– Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата – рече Столтенберг.

Тој рече оти е среќен денеска што го посетува Стајковци, ја посочи помошта што војниците на НАТО ја пружиле на граѓаните пред две години за време на поплавите и истакна дека Алијансата ќе продолжи да биде тука да пружа помош кога е потребно.

– НАТО е повеќе од воена Алијанса, тука сме да помогнеме да ги направиме луѓето безбедни – додаде Столтенберг.