Бојаџи: Oва е ,,Убер фашизам“, јас сум исплашен, тие се фалат дека ќе забранат уметничко дело

Авторот на филмот ,,Ругање со Христос“, Јани Бојаџи, кој на невидено крена голема прашина во Македонија, во емисијата  „Отворено“ на Алфа рече дека во случајот со неговиот филм,  власта е порадикална од најлошите режими. Според него власта се фали со забранување на уметнички дела што е „Убер фашизам“.

Како министер за култура признава дека не го гледал уметничко дело, а зазема став за него? Мене тоа не ми влегува во глава, како да го каректеризирам сега ова, а е многу сериозно. Ова е толку опасно што не знам кај ќе стаса, вели Бојаџи.

Тој вели дека премиерот и министерот за култура издале лиценца за негово убивање со тоа што дале вакви изјави за неговото дело. Бојаџи смета дека Заев и Адеми се одговорни за неговиот живот и животот на неговото семејство.

https://www.youtube.com/watch?v=CGx6RK3Gg5U