Бунт во Белата куќа – „Јас сум дел од отпорот против Трамп“

Бунт во Белата Куќа. Неколку редови експлозивен и политички текст се појавија на страниците на Њујорк Тајмс, во анонимна колумна каде непознатиот автор зборува за слабостите на админстрацијата на Трамп и како во Белата Куќа постои отпор кон политиките на некомпетентниот претседател.

Напад од внатре, од личност која одлично, дури предобро ги познава работите и високата политика и која открива дека постои група на луѓе блиски до претседателот кои работат против остварувањето на неговата агенда и со цел да ја напушти Белата Куќа.

Авторот говори за тивок отпор против најлошите инклинации на Трамп.  Предупредува дека претседателот на Соединетите Држави не е само несоодветен да биде најмоќниот човек во светот, туку е мешавина на незнаење и его, тривијалност, омраза и невнимателност што ја загрозуваат и државата и светот.

Коренот на проблемот е аморалноста на претседателот. Секој што работи со него знае дека не е приврзан за било какви начела што го водат при донесувањето на неговите одлуки, пишува анонимниот висок претставник на администрацијата во колумната во „Њујорк Тајмс“.

Бомбата на Тајмс беше доволна за лов на вештерки. Трамп се повика на предавство и го нападна весникот.

Ако пропаднатиот Њујорк Тајмс има анонимна колумна – можете ли да поверувате? Анонимен, значи безрбетен, безрбетна колумна – значи дека одлично работиме. Рејтинзите се високи до таван, нашите бројки од сондажите се одлични. И знаете што? Никој нема ни да се доближи евентуално да ме победи во 2020 година, заради се што направивме. Направивме повеќе од кој било што можеше да замисли, а нема ни две години. Затоа, многу ви благодарам.

Трамп дури и се сомнева во постоењето на анонимниот извор, а доколку тој нависитна постои, тогаш бара од Тајмс да го каже поради прашање на национална безбедност. Во меѓувреме, државниот секретар Мајк Помпео, беше првиот кој што демантираше дека тој е автор на колумната, која ја оцени како тажна.

Не треба да е за никого изненадување дека Њујорк Тајмс, либерален весник кој непрестано ја напаѓа оваа администрација, одбра да објави таков текст. Ако тој текст е вистински, ако е точен, ако навистина, како што опишуваат дека станува збор за висок државен службеник, тогаш не требале да одберат да го земат гневниот и измамнички збор на на некој лош актер, и да го стават во својот весник.

Пред ова, Белата куќа веќе доживеа удар од новата книга на новинарот Боб Вудворд “Страв: Трамп во Белата куќа”.

Тој го пренесува длабокиот презир кон претседателот што владее меѓу високите функционери за кои се вели дека го сметаат за “идиот” со основно образование, од кого на светот му треба заштита.

Но, кој е заклучокот од овие сведоштва и од лошата здравствена состојба на на најстарата и најголемата од западните либерални демократии?

Парадоксално, главниот заклучок дури и не е така страшен. И покрај сето лудило во Белата Куќа, се уште нема војна, ниту пак рецесија. Но, Трамп ги уништува западните вредности и институции, или барем се обидува. Утехата е дека во Америка се уште постои некаков автоматски пилот, некоја си инерција на институциите, службите, кај разно разната бирократија и технократија, естаблишмент кој ги балансира шоковите од политиките на Трамп, ги намалува неговите штети, го минимизира спроведувањето на неговите одлуки.

Со други зборови, во Америка се уште има пилот во авионот, и некој во Белата Куќа и администрацијата го спасува светот и сите нас, од Доналд Трамп.