
Измамник што лажно се претставувал како функционер во МВР зел 76.000 денари од скопјанец ветувајќи му дека ќе му среди за пензија за неговата сопруга, информираше МВР.
Скопјанецот С.Т.(79) во Полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека во текот на месец јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР. Тој рекол и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда С.Т.дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија.
Изманикот во два наврати за услугата зел од С.Т. 76.000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.