
Денес сме во посета на Градско како дел од нашите теренски активности ова лето, вклучително продолжување на акцијата Лето за Македонија и продолжуваме од Градско и одиме во посета на Општина Чашка.
Она што можам да го забележам е дека покрај најголемото прашање, најголемиот проблем за сите граѓани, а тоа е нели референдумот и договорот во однос на името дека граѓаните ги тиштат и секојдневните обични проблеми, рече Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.
Мора да разбереме дека ова не е референдум за Македонија, ова е референдум за Северна Македонија. Ова е тоа на што треба да работиме за да го доближиме до граѓаните, дека СДСМ ова што го прави преку кампањата на еден перфиден и речиси суптилен начин се обидува да протне во граѓаните нешто што едноставно не може да помине.