
Снаата на поранешната министерка за образование од редовите на СДСМ, Софија Тодорова, доби професорско место на штипскиот универзитет.
Билјана Тодорова, сопруга на синот на Софија, на 38 години е назначена за редовен професор по социјално право на државниот правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.
Нејзиното досегашно работно искуство единствено е врзано за приватниот Европски универзитет. По дипломирањето прво работи како помлад асистент, потоа како асистент на Европскиот универзитет. Во април 2012 е избрана за доцент на истиот универзитет.
Билјана Тодорова е родена во 1980 година во Скопје. Во 2001 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан први “ во Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј”, каде што и дипломира со просечен успех 9,40. Во 2006 се запишува на постдипломските студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, насока Менаџмент на човечки ресурси. Студиите ги завршува со успек 9.25, стои во нејзината биографија.