Откриени 18 мигранти кај Црвени брегови

Полицијата уапсила двајца шверцери на мигранти кои се обиделе да избегаат откако било сопрено нивното комби натоварено со 18 илегалци, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 21 часот на автопатот Неготино- Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки. Во него биле пронајдени 18 илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени. Тие биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесени соодветни поднесоци.