Автобус прегази дете

Автобус прегазил дете, вчера на Пластичарската улица во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 16 часот на булевар Никола Карев. Тогаш Д.Н.(52) од село Мралино, управувајќи автобус „лаз”, удрил во 11 годишно дете од Скопје.
По незгодата, со возило на брза помош детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

При ударот бил повредена и патничка во автобусот, Ж.Ј.(48) од Скопје. Неа и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8 Септември” каде и биле констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.