
Крајно десничарскиот кандидат за претседател на Бразил, кој воедно е и фаворит Жаир Болсонаро е прободен со нож за време на митингот од кампањата, неколку недели пред изборите.
Како што е прикажано на видео снимката, Болсонаро бил прободен од зад грб додека бил носен од топлата поддржувачи во градот Жуиз де Гора во јужната држава Минас Жерваис.
Едно лице е уапсено.
Федералната полиција сооопшти дека е отворена истрага за да се утрвдат причините и околностите за нападот. Болсонаро е пренесен во локалната болница од каде е соопштено дека е во стабилна состојба.
Бразилскиот Трамп
Инаку, Болсонаро меѓу Бразилците е познат и како Бразилскиот Трамп по неговите расистички, сексистички и хомофобични коментари, што се смета дека се причина за зголемување на тензиите неколку недели пред изборите закажани за октомври.
Последните анкети покажуваат дека Болсонаро е фаворит за победа на изборите, со водство од 10 отсто пред неговиот најголем ривал, поранешниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва.
Сепак, лекарите во болницата Санта-Каса, каде што тој е пренесен на операција, сметаат дека повредите би можеле да ја прекинат неговата кампања, бидејќи неговото опоравување може да трае со денови или недели.
Неговото семејство првично сметало дека повредата е површна, но подоцна тие објавија дека имало опасност за неговиот живот.
За жал тоа е посериозно отколку што се надевавме, напиша на Твитер неговиот син Флавио Болсонаро. Повредата е до еден дел од црниот дроб, белите дробови и цревата, тој изгуби многу крв, до болницата стигна речиси мртов … неговата состојба сега изгледа стабилна, напиша тој.
Лекарите соопштија дека тој има внатрешно крварење и повреди на тенкоо и на дебелото црево, но не и на црниот дроб. Можно да му биде направена уште една операција во наредните денови.
Бразил тоне во економска криза
Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч го осуди нападот.
Политичките или идеолошките разлики треба да се решаваа само преку демократски процеси, а никогаш преку насилство. Бразилските власти треба да спроведат брза, непристрасна и темелна истрага за ова злосторство и да обезбедат дека правдата ќе се служи, се вели во соопштението.
Земјата е зафатена со насилства и штрајкови од доаѓањето на власт на Мишел Темер, кој ја замени Дилма Русеф на претседателската функција која беше разрешена во 2016 година.
Големиот корупциски скандал и економските проблеми предизвикаа Бразилците да побараат спас во локалната верзија на Трамп.
Популарноста на Болсонаро се зголеми откако Бразил се соочи со најлошата рецесија во својата историја, со голема поделба на леви и десни, и затворањето на екс претседателот Лула да Силва по обвиненија за перење пари со што му беше забрането да биде во трката за претседател.
Лула да Силва
Лула да Силва е во затвор од април, откако беше осуден на 12 години за корупција и перење пари. Обвинувањата против него се појавија откако тој ја напушти функцијата во 2011 година. 72-годишниот да Силва ги негираше сите обвиненија, а неговата одбрана вели дека е жртва на политички прогон.
Најверојатната замена на Лула да Силва, како претседателски кандидат на неговата партија, Фернанде Хадад, го отфрли секој чин на насилство и му посака на Болсонаро брзо закрепнување.