Курц: Не е мое да одлучам, но би било позитивно ако има големо учество на референдумот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги повика граѓаните на Македонија да излезат на референдумот, со што би се трасирал патот кон НАТО.

„Австрија е пријател на регионот а заедно со Македонија имаме силно човечко пријателство и историја. За Македонија со решението на спорот со името се дојде до динамика за државата. Би сакал што повеќе луѓе да учествуваат на овој референдум, да се изјавнат „за“ на референдумот. Не е мое да ја направам одлуката, но како пријател на Македонија ние ќе сметаме дека би било позитивно ако има големо учесво на референдумот“, соопшти Курц.