
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на која се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека членството во ЕУ и НАТО преставува наш стратешки државен интерес, а воедно ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија. На средбата Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација. Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.