Тачи го поддржува Вучиќ да разговара со Србите на Косово

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, рече дека одлуката на косовските институции за посетата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, на Косово и Метохија е добро позната и дека тој ја почитува, како и дека го почитува легитимниот интерес на претставниците на Србија да разговараат со претставниците на српската заедница во Косово.

Тачи им изјави на новинарите во Брисел пред дијалогот меѓу Белград и Приштина дека тој ја поддржува средбата на Вучиќ со претставниците на Србите во КиМ за да им објасни дека не се потребни страв и паника.

Се надевам дека ќе бидат испратени пораки за добрососедски односи, мир, заеднички живот и потребата за постигнување конечно решение меѓу Косово и Србија, рече Тачи.