
Четири водечки американски технолошки компании побараа денеска од трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтизер барајќи заштита од предложената трета рунда од царините на Трамп.
Компаниите „Дел“, „Сиско“, Џунипер Нетворкс“ и „Хјулит Пакард“ предупредуваат дека новите даноци ќе доведат до загуба на работни места во САД и зголемување на трошоците на компаниите, бидејќи многу од нивните компоненти доаѓаат од Кина, пренесува ББЦ.
Царинската стапка од 10 до 25 отсто би предизвикала огромна, непропорционална економска штета на американските интереси, се вели во писмото до Лајтизер.
Четирите компании се загрижени дека царините ќе ги зголемат нивните трошоци за компоненти, како што се хард дискови, сервери и опрема за мрежно поврзување, што би можело да ги нагризе нивните профити и да резултира со намалување на работни места во САД.
Помалиот профит, кој може да го предизвикаат тарифите, со текот на времето би можел да доведе до замрзнување на вработувањата, стагнирање на приходите, па дури и губење на работите, но исто така и да им наштетат на инвеститорите преку намалување на дивидендите, се додава во писмото.
Трговска војна меѓу претседателот на САД со Кина дополнително се загреа минатиот месец, кога САД воведе втор круг на тарифи од 25 отсто на кинески стоки во вредност од 16 милијарди долари.