
Мнозинството во Собранието на Република Македонија во петокот попладнето во продолжението на 59-та седница усвои четири закони по скратена постапка.
Пратениците по скратена постапка ги усвоија дополнувањата на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Измените се однесуваат на домашна аудио и видео продукција. Измените ќе важат до 1-ви јануари 2019 година.
Пратениците ги донесоа и измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка.