
Премиерот Зоран Заев на прашање на судијката Добрила Кацарска, дали препознава некого од обвинетите, рече дека од сите присутни во судницата, препознава само едно лице маратонското рочиште кое трае од претпалднето со сослушување четворица сведоци во петокот за настаните во собранието од ланскиот 27-ми април.
„Можам со сигурност да потврдам само за едно лице. Тоа е Игор Југ“, рече Заев во неговото сведочење. Тој претходно посочи дека Југ на 27-ми април носел маичка на ХОС и имал брада.
Игор Југ, претходно, во прашање на Заев му рече на премиерот дека не е експерт по психологија да знае што се случува во главата на еден човек. Игор Југ е еден од еден од 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието..
„Ако тие што ве удирале со тупаници и клоци лесно дошле во ваша близина за да ги зададат тие удари, дали се согласувате дека ако некој кој бил вооружен и сакал да ве убие, можел да дојде до вас“, го праша Игор Југ премиерот Зоран Заев, кој сведочи за настаните од 27 април лани, кога во Собранието беше присутен како пратеник.
„Не се согласувам затоа што јасната намера на некој да ликвидира некого со огнено оружје го става во психолошка состојба тоа да го направи за да не му се доближи толку на тој што сака да го убие, со цел да не се експонира и да го направи тоа“, одговори Заев.
Опишувајќи се себеси зборувајќи во трето лице за лице со маиќка на Хрватските одбранбени сили (ХОС), со тежина над 110 килограми, ќелав и со физикус кој и дете од пет години го забележува, Игор Југ праша дали не би можела таква личност да му се доближи.
„Не се согласувам со вас. Зошто личност која е крупна, со маица на хрватски одбранбени сили, како што опишавте, донела одлука да влезе во Собранието, можела да го направи тоа… но, покрај тоа што таа личност нема доволно коса, немала ниту доволно храброст“, му одговори Заев.
„Храброст, ако сакам да направам нешто, имам“, коментираше Југ. „А дали ќе ми дадете прилика да ви докажам дека имам храброст да го направам тоа за кое велите дека не можам да го направам?“, му рече Југ на Заев.
На ова реагираше судијката Добрила Кацарска посочувајќи му да внимава како поставува прашања затоа што во вака поставеното прашање имало зкана. Инаку, Игор Југ како обвинет во случајот за 27-ми април, според обвинението, имал крајна цел да го ликвидира Заев.