
Серена Вилијамс доби парична казна од 17.000 долари за нејзиното однесување во финалето на УС Опен во Њујорк.
Според организаторот на турнирот, Американката прекршила три правила на однесување за време на мечот протв Јапонката Наоми Осака, која победи со 2:0.
Серена влезе во расправија со судијата по што беше казнета со одземање на поен на сервис на Осака. Вилијамс веќе имаше опомена, па откако Осака направи брејк Американката вознемирена го скрши рекетот.
Според правилата, второто предупредување носи одземање на поен, но за правилата Серена не беше заинтересирана. Таа почна да се расправа со судијата и продолжи да се однесува на дрзок наќин и кога и беше пдземен гем за казна.
Таа не го поздрави судијата по натпреварот, туку ја продолжи расправијата.