
МАНУ ќе се залага да го задржи акронимот, без да се преименува во Академија на науките на Северна Македонија, вели академик Владо Камбовски. Според него, има простор за либерлано толкување на членот од договорот кој се однесува на кодовите и придавките на државните институции.
Кога ќе дојде време за имплеметација на договорот, ние ќе се обидеме да дадеме доволно аргументи дека МАНУ, МНТ и Филхармонијата треба да ја задржат автономијата на употреба на терминот македонски. Точно, МАНУ има финансиска поддршка од државата, но се работи на реформи за деетатизација. Задржувањето на придавката нема да има штета за другата страна зашто тамошната Атинска академија не ја користи истата придавка, порача Камбовски.
Академик Камбовски на реферат од 20-ина страници го изнесе својот став за договорот со Грција оценувајќи го како европски кој не ги загрозува идентитетот, јазикот и државјанството.
Постигнатиот консензус за новото име е компромис меѓу стравот и надежта на двете страни: задржано е името Македонија, со што не се загрозува идентитетот на македонскиот народ кој живее на нејзина територија, но додадена е географска одредница со која таа се разликува од северниот регион на Грција“, образложи Камбовски.
За него, договорот со Грција е добар пример и основа за склучување вакви договори и со другите соседени земји.
Неговите ставови не се заеднички и официјални на целата МАНУ, туку научни на Центарот за стратегиски истражувања при Академијата. Излагањата на Камбовски се во пресрет на утрешната научна расправа посветена на договорот од Преспа.